ВО СОБРАНИЕТО СЕ ЧЕКА РАСПРАВА ЗА ИЗБОРОТ НА НОВАТА ВЛАДА: Ќе учествува и опозицијата
Објавено во: Македонија 29 Август, 2020
Денеска во 11.00
часот ќе почне расправата во Собранието за избор на новиот владин кабинет.
Предложените министри од страна на мандатарот Зоран Заев, треба да бидат
изгласани од страна на пратениците најдоцна до утре до полноќ.
Во своето експозе, како што веќе најави Заев, ќе наведе силни аргументи и гаранции дека и наредните четири години ќе бидат исполнети со резултати. На денешната собраниска седница предмет на расправа ќе бидат биографиите на предложените министри, како и владината програма.
Во дводневната расправа, активно ќе учествува и опозицијатаод, а како што претходно истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски имаат безброј причини за да останат активни во расправата.
Инаку, согласно Деловникот, собраниската седница на која ќе се избира новиот владин кабинет кој ќе брои 19 министри ќе трае два дена, односно до утре на полноќ, а 10 дена подоцна ќе се избираат заменици на министрите.