Во соседна земја има 3000 муџахедини?
Објавено во: Балкан 11 Април, 2018
Владата на Иран ја критикува соседна Албанија поради засолнувањето на 3000 муџахедини.
Иранскиот режим го фокусираше своето внимание врз нивниот нов дом во Албанија. Иран е лут затоа што овие луѓе се засолнети во Албанија.
Според пишувањата на весникот „Сот њуз“ од Тирана, Иран испратил реакција и до ЕУ затоа што претходно преку писмо 32 европратеници побарале заштита на муџахедините.
,,Муџахедините се дел од иранската демократска опозиција МЕК поради што Европскиот парламант до сега има усвоено неколку резолуции со кои се бара заштита на хуманитарните права на муџахедините“- стои во писмото на ЕУ и се додава дека засолнувањето е од хуман карактер.
Официјална Тирана по барање на САД, во неколку фази ги засолни наведените граѓани на Иран, кои таму како опозиција беа на удар на тамошната власт, пренесуваат албанските медиуми.