18 Мај, 2024
0.0767

Во текот на 28 дена пиела по три литри вода: Жената доживеала вистинска трансформација!

Објавено во: Стил 17 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Сара Смит, 42-годишна Британка и мајка на две деца, имала секојдневни главоболки и лошо варење . После препораката на доктор, се одлучила на експеримент, па во текот на 28 дена пиела по три литра вода дневно. Резултатите биле неверојатни.
Невролог и нутриционист ја посоветувале да почне да пие по три литри вода дневно како телото подобро би функционирало.
Сара обично денот го започнувала со шолја чај, а вода би се напила со ручек или вечера - во просек литар дневно. Кога дошла до податокот дека секоја пета жена не внесува доволно вода во организмот, одлучила да направи еден експеримент-во текот на четири седмици ја внесувала препорачаната количина вода. Искуството го опишала во Дејли Меил.

Бубрезите брзо ќе почуствуваат ефекти

Три литри вода звучи навистина многу, затоа се посоветувала со доктор по општа медицина околу тоа како наглото внесување на вода не би оставило здравствени проблеми. Ја охрабриле со препорака еден литар да пие наутро, еден после пладневните часови и еден навечер.

„Вашите бубрези, кои филтрираат штетни материи од крвта, пред да ги претворите во урина, брзо ќе почуствуваат корист“.

 10 години постара

Целиот експеримент ја следело и фотографирање од седмица во седмица. На почетокот, признава, изгледала како да има 52 години, значи 10 години повеќе. Имала темни прстени околу очите, поради што изгледала исцрпено, истакнати брчки, црвени дамки, кожата и била без сјај.

„Изгледав мртво“, пишува Сара.

 Дури и усните и биле збрчкани, што е класичен знак на лоша хидратација. Секој систем и функции во нашето тело зависат доста од водата. Таа ги пере токсините од виталните органи, пренесува хранливи материи до ќелиите, и исфрла штетни супстанци. Доколку не внесувате доволно вода, вашиот организам ќе ослабне. Затоа одлучила да пие три литри дневно вода 28 дена по ред, и резултатот бил воодушевувачки.

 Се чуствувала подобро после првата недела

Веќе при крајот на втората седмица забележала дека седум дена немала главоболки, и дека варењето на храната и работело подобро. После четири седмици на експеримент, нејзиното лице изгледало целосно поинаку. Изгледала како да е друга жена. Темните прстени околу очите целосно исчезнале, како и црвенилото.Кожата и станала мазна како кога била дете.

 Трансформацијата била воодушевувачка

Исто така се чуствувал здраво, полесно и послабо, што е неверојатно бидејќи ништо не променила во својата рутина освен количината на вода која ја внесувала. Не се откажала ниту од забавите и понекоја чаша алкохол, но притоа пиела и доволно вода, и наутро се будела свежа.

Сара ги советува сите жени да го направат истото - пијте три литри вода дневно и ќе видите што ќе се случи! Секако, пред тоа советувајте се со лекар.