Во Турција сè уште е жива идејата за враќање на смртната казна
Објавено во: Балкан 29 Август, 2016
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не се откажува од идејата за враќање на смртната казна во земјата.
Тој тоа го повтори пред своите поддржувачи на митингот во градот Газиантеп.
Ердоган рече пред присутните дека се подготвува да ја врати смртната казна. Вели дека ќе ја одобри смртната казна, ако се гласа за неа по обидот за преврат во земјата кој се слуи во јули годинава.
Оваа негова идеја за враќање на смртната казна наиде на остри критики кај европските лидери.
„Турскиот народ сака повторно воведување на смртната казна и оној што ја предводи земјата мора да ги слуша граѓаните“ - изјави Ердоган во јули годинава.
Европските лидери тогаш го опоменаа дека таквиот чекор на Анкара ќе ги прекине преговорите за членство во ЕУ.