30 Април, 2024
0.0267

Во ВМРО-ДПМНЕ незадоволни од завршувањето на истрагата за „Рекет“

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е незадоволна од завршувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и како што велат од таму, без да биде проширена во редовите на високата политика. Сашо Дукоски, адвокатот на првообвинетиот Бојан Јовановски, вчера прв обзнани дека истрагата е завршена, а потоа официјално тоа го потврди и самото Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

„Вилма Русковска вчера покажа дека е само пипка на октоподот на Зоран Заев. Затворањето на истрагата за случајот Рекет, и затворање на рекетарскиот ланец со Катица Јанева е прикривање трагите кои водат директно до врвот на власта, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку во случајот „Рекет“ засега осомничени се само Јовановски, специјалната обвинителка Јанева и Зоран Милевски. Јовановски и Милевски на распитот кај обвинителката Вилма Рускоска одлучија да молчат, а денеска повикана во обвинителството е и Јанева. На сите тројца им е одреден притвор.

- Со месеци, скоро цела година сите институции од областа на финансиското разузнавање, безбедносните служби и  ЈО воопшто не реагирале во врска со милионскиот рекет. И на бруцоши на правен факултет им е јасно дека милионски рекет, кој траел со месеци не може да се прави без знаење на врвот на власта. Затворањето на истрагата со Катица Јанева е доказ дека Русковска цело време само барала начин како да ги спаси нарачателите и вистинските рекетари. Русковска и ЈО со неповикувањето на распит на Зоран Заев се доведуваат во ситуација да бидат соучесници во криминалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека „и Рускоска и сите кои ја ограничуваат истрагата и ги штитат функционерите од власта“ треба да знаат, според опозицијата, дека еден  ден со враќањето на правната држава во Македонија ќе сносат одговорност за сторениот криминал.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање