ВО ЖИВО: Стотици демонстранти пред Собранието со барање да не се менува Уставот и името
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018
Пред Собранието пристигнуваат стотици демонстранти за да го искажат своето незадоволство од договор за името со Грција. Тие бараат Македонија да не прифаќа промена на Уставот и промена на името во Република Северна Македонија.
Граѓаните носат македонски знамиња и извикуваат „Македонија“.
Пред собранието има засилено полициско обезбедување.
Помала група синоќа излезе пред Собранието да го искаже својот револт.