04 Мај, 2024
0.0282

ВОДАТА ВО СКОПЈЕ БИ МОЖЕЛА ДА ПОСКАПИ ЗА 30 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО, ако Град Скопје ја изгласа максималната тарифа

Објавено во: Македонија 02 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Со нашата одлука минималната тарифа за вода за Скопје предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е минимално намалување, додека максималната тарифа изнесува 34,82 денари и повисока за девет проценти од постоечката цена. Ова го соопшти Марко Беслимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетиката на денешната пресконференција. 

Тој истакна дека иако во текот на минатата недела имале недоразбирања со Водовод Скопје, истите се надминати. 

- Постоечката цена за вода во главниот град изнесува 32,87 денари. Со нашата одлука минималната тарифа предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е минимално намалување, што се должи на фактот дека помошта која ќе се дава со пониска цена на електрична енергија ќе продолжи и следниот период. Додека максималната тарифа изнесува 34,82 денари, повисока за девет проценти од постоечката - укажува Бислимовски.

Тој појасни дека тарифите ќе бидат доставени до Водовод Скопје, и тие имаат право во рангот на минималната и максималната да формира цена и да ја достави на одобрување во советот на Град Скопје.

- РКЕ работи врз основа на барања кои ги доставуваат јавните комунални претпријатија до нас, а потоа ние согласно методологијата утврдуваме цени.

Најголем дел од претпријатијата кои поднесуваат барања до РКЕ, поднеле барање поради зголемени трошоци за електрична енергија и во најголем дел од нивните барања овие трошоци за електрична енергија, кога ги пресметувале ја земале цената на енергијата на берзата ХУПЕКС.

За среќа во изминатиот период, имаме цена на електрична енергија кај јавните комунални претпријатија која ја обезбедува ЕСМ продажба и истата изнесува 95 евра за мегаватчас што придонесе да се среди ситуацијата кај јавните комунални претпријатија, имајќи предвид дека месеци август и септември беа критични кај нив. Имаше јавни комунални претпријатија кои беа на слободниот пазар и нивните трошоци за електрична енергија на месечно ниво беа поголеми од вкупните приходи кои би ги остварило едно претпријатие.

Сите јавни комунални претпријатија кои се членки во здружението АДКОМ добија целосна поддршка од Регулаторната комисија и бевме едни од иницијаторите овие претпријатија да добијат цена на електрична енергија која би влијаела на ликвиднсота на овие претпријатија - додава Бислимовски.

Додава дека кога се носат одлуките за формирање на цените, не признаваат неоправдани трошоци, туку исклучиво економски оправдани трошоци, со цел граѓаните да плааат само за трошоци кои мора да ги има секое јавно претпријатие.

- Кога ќе ги носиме нашите одлуки следен период ќе водиме сметка тие да се во рамки да не може да се политизира прашање на цената на водната тарифа. Со минималната цена можно е да има намалување на цената, тоа зависи од Водовод и канализација, и од советот на град Скопје, а ако се прифати максималната тарифа, може да има покачување.

Тоа би значело дека ако се прифати највисоката тарифа, би имало зголемување од 29,5 денари на месечно ниво. Сметам дека 30 денари не претставува никаков проблем за граѓаните. Тоа се само 30 денари на месечно ниво, и тоа ако Водовод и советот да ја прифатат максимална тарифа, а ако се одлучат за минамалната, ќе има намалување на цената - појасни Бислимовски.

Воедно посочи дека на државно ниво имаме сериозен проблем со загбите, бидејќи дури 64 проценти од набавената вода се губи. Дополни и дека Македонија е богата со вода, има голем број општини со свои избори, природна вода, без прочистување, но без политизирање на проблемот, да разбереме дека инвестиции во намалување на загубите е бенефит за сите. 

Дополни дека сега се во тек и постапки за други водни тарифи и тоа за водовод Охрид, Кочани, за Ресен и за Дебар.

- Најголем проблем за сите комунални претпријатија е трошокот за електрична енергија. Некогаш било 50-60 евра за мегаватчас, сега е 95 евра, доколку беа на слободен пазар каде цената е релаксирана околу 150 евра за мегаватачас така што тука се најголемите нивни проблеми. Ние го разбираме нивнито проблем, но ако донесеме одлука со која би ги зголемиле цените многу, тоа би водело кон намалување на процентот на наплата на сметките. Кога зборуваме за зголемување, мислиме на 10, 20 или 30 денари на месечно ниво - посочи Бислимовски.

Дополни и дека се комуницира со комунални претпријатија и од Прилеп, Скопје кои се заинтересирани да инвестираат во фотоволтаици за да ги намалат трошоците за електрична енергија. Нагласи дека има проблем, но смета дека ќе се надмине слично како во општина Центар која формира посебно претпријатие кое ќе се занимава со тој дел, а на добар пат  и општина Радовиш. 

- Штета е крововите кои ги имаат општините, училишта, градинки, општински згради да не се искористат. Верувам дека по општина Центар и Радовиш ќе има и други општини кои ќе постават фотоволтаици на нивните кровови, и со тоа ќе ги намалат трошоците за електрична енргија, но и за јавно осветлување - укажа Бислимовски.

РКЕ баравме да носи дефинитивни одлуки за цените на водните тарифи, а во наредниот период РКЕ има надлежност да ги определува и цените за комуналниот отпад.

 ПЕТРАНКА ОГНАНОСКА

Можеби ќе ве интересира

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска