Добивај вести на Viber
Ќе се стиши музиката од звучниците во близина на фонтаната Воинот на коњ. Ваквата одлула на општина Центар доаѓа по жалбите на граѓаните кои живеат во непосредна близина и кои посочиле дека музиката е премногу гласна.
Од општина Центар потврдуваат дека имале поплаки од граѓаните за музиката од фонтаната. Токму поради тоа и решиле да го редуцираат пуштањето.
„Заради реакции од граѓаните кои живеат во непосредна близина на плоштад Македонија, Општина Центар го скрати времето на работа на водените и музички ефекти на фонтаната, односно последното шоу завршува во 22:30 часот“, посочуваат од општината.
Истовремено ќе биде намалена и јачината, пишува весникот Вечер. На плоштадот секојдневно се изведува музичко-светлосното шоу со класична музика и светлосни ефекти кои се пуштаат на секои два часа и траат по половина час.
Неодамна беа инсталирани звучници и на плоштадот „Карпошово востание“ каде е сместена скулптурата на Филип, каде што музичко светлосното шоу ќе се трае по половина час на секои два часа од 10 наутро до 22.30 часот навечер.