03 Мај, 2024
0.0277

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ЕГИПЕТ: Дали терористите сакаат да го поткопаат единството меѓу христијаните и муслиманите?

Објавено во: Свет 10 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Египет прогласи вонредна состојба. 

Претседателот Абдел Фатех ал Сиси најави вонредна состојба од три месеци по вчерашните напади на две христијански цркви во земјата, при што загинаа најмалку 45 луѓе. Тој ја најави мерката која треба да биде поддржана од парламентот по состанокот на советот за национална безбедност. Претседателот ги обвини другите земји дека сакаат да предизвикаат нестабилност во Египет, но избегна да каже за кои земји станува збор.

Според египетскиот Устав, претседателот треба за период до една недела да побара одобрување од Парламентот. Законодавното тело е под контрола на поддржувачите на Ал Сиси, кој раководи со земјата од 2013 година, кога го собори од власт исламистот Мохамед Морси. ­ 

„Ви се обраќам не како христијани и муслимани, туку како Египќани. Терористите се обидуваат да го поткопаат нашето единство и потребно е да бидеме внимателни, за да ја заштитиме татковината“ - рече ал Сиси. 

Планирано е во Египет да биде создаден и висок совет за борба против тероризмот и екстремизмот. 

Коптските цркви често се мета на напади од исламистите. 

Во декември лани во коптска црква во Каиро при експлозија загинаа 25 лица. 

Христијаните сочинуваат околу 10% од 92-милионското население на Египет. 

Земјата од 2013 година се бори против екстремизмот. 

Можеби ќе ве интересира

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор