ВОЗДУХОТ ЗАГАДЕН И 10 ПАТИ НАД ДОЗВОЛЕНОТО: Ќе чадат ли Бадникарските огнови и вечерва
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2020
Да не се палат огнови на отворено во Скопје. Ова е апелот на кој во последните денови се порачува од надлежните во пресрет на празникот Бадник.
Додека за граѓаните ова е традиција која се прави со години наназад, градските власти бараат да се спречи дополнителното загадување на воздухот во Скопје.
Мерните станици синоќа може да се каже дека превртуваа . ПМ10 честиците во некои скопски околини беа и десет пати над дозволеното. Не се дишеше кај Ректорат, Центар, Карпош, Лисиче, ама загадено беше и во Кичево и Струмица.
Сепак, во делови од Скопје жителите нема да се откажат од вековната традиција и ќе палат бадникарски огнови, а многумина потенцираат дека воздухот е многу позагаден кога нема коледарски огнови, а власта ништо не прави за тоа.
Рано изутрина Бадник ќе го најават децата коледарчиња.