Вреден трансфер: Колку Тунтев ќе биде во плус со новата функција
Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2019
Томислав Тунтев ја напушта пратеничката функција и ќе директорува со Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба. Пратеникот на СДСМ ќе се збогува со столчето во Собрание и ќе седне на едно од најпосакуваните, ако платата е критериум. Според официјалните податоци над илјада евра или точно 65.553 е просечната нето плата исплатена во Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Според последни податоци кои се за 2016 година, во оваа институција просечната бруто плата по вработен била 98.657 денари. Тогаш во агенцијата работеле 69 лица.
Се разбира ова е само просек, затоа што како прв човек, Тунтев ќе заработува и над 2.000 евра, што е двојно повеќе од пратеничката плата.
Кога аплицираше за позицијата Тунтев за Фактор изјави дека имал амбиции и аплицирал на огласот првенствено поради неговите стручни, професионални и едукативни квалификации.
Според надлежностите иако оваа aгенција е финансиски и функционално независна од другите државни органи, за својата работа сепак одговaра пред Собранието.