Втора висококатница од дрво во Норвешка, овој пат многу повисока
Објавено во: Економија 08 Септември, 2018
Норвешка ги постави темелите на најдолгата висококатница направена од дрво, која ќе биде еколошки многу поодбра за живот од стандардните бетонски и ќе биде отпорна на оган.
Зградата „Мјош“ ќе се наоѓа во близина на истоименото езеро, кое се наоѓа околу сто километри северно од Осло. Висок 85,4 метри, ќе има осумнаесет ката.
Инвеститорите велат дека употребата на дрво што е обновлив материјал може да ја намали содржината на јаглероден диоксид, за разлика од бетонот кој е основен материјал на станбени објекти во градот.
"Изградбата од дрва ни помага да дишеме во подобар свет", рече претприемачот Артур Бухард, додавајќи дека го започнал проектот бидејќи бил инспириран од Парискиот договор за климатските промени.
Градежниците велат дека зградата ќе биде отпорна на оган бидејќи дрвото е ламинирано со лепак и може да гори само ако е постојано изложено на оган.
Кога ќе се отвори во март 2019 година, висококатницата ќе го надмине својот "ривал", зградата Treet, која со висина од 49 метри го држеше рекордот како највисока дрвена зграда во светот. Тоа е во Берген.
Висококатницата ќе вклучува станови, затворен базен, хотел, канцеларии, ресторан и заеднички простории.