Вториот човек на Комерцијална банка реизбран во УО
Објавено во: Финансии 03 Јули, 2018
Комерцијална банка АД Скопје го реизбра Илија Илоски за уште еден мандат како постојан член на Управниот одбор.
„Комерцијална банка АД Скопје објавува дека согласно Одлука на Надзорниот одбор на Банката и издадена согласност од Народната банка на Република Македонија, продолжен е мандатот за период од шест години на постојниот член на Управниот одбор на Банката – Илија Илоски“, се вели во соопштението.