Вучиќ: Ако има внатрешен судир во Македонија, тоа би имало тешки последици и за нас
Објавено во: Балкан 11 Април, 2017
Решавањето на проблемот во Македонија е од клучно значење за регионот, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ по средбата со американскиот сенатор, Џон Меккејн.
„Единствено што се надеваме е дека преку почитување на македонските закони, работите без разлика како ќе се одвиваат, ќе се одвиваат мирно. За нас тоа е од големо значење. Ако од една страна имате незадоволни Албанци тогаш може да имаме проблеми на југот на Србија. Ако имате внатрешен судир во Македонија, нешто што никој не го посакува, тоа би имало големи и тешки последици за сите нас“- изјави Вучиќ.
Се надевам кризата ќе биде решена на мирен начин, додава Вучиќ.Инаку тој на претседателските избори на кои победи, кампањата ја темелеше на кризата во Македонија, и порача дека нема да дозволи македонско сценарио во Србија.