Вучиќ: Како во Каталонија не важи референдумот, а во Косово може и без референдум
Објавено во: Балкан 04 Октомври, 2017
“Како да се каже”, зошто ние Србите бевме толку лошо третирани? “Како така во Каталонија не важи референдумот, а во Косово може и без референдум”, праша српскиот претседател, Александар Вучиќ за време на заедничката прес-конференција со неговиот грчки колега, Прокопис Павлопулос .
Вучиќ вели дека ставот на Европската унија за референдумот во Шпанската автономна покраина Каталонија, според кој е нелегален, е најдобриот пример за двојни стандарди и хипокризија во светската политика.
„Си играа со иднината на државата, со прекројување на границите на Балканот, но денес не им е е до игри, кога мечка тропна и на нивната врата. Сега ситуацијата е многу сериозна“- изјави Вучиќ.
Сепак Вучиќ додаде дека Белград сé уште гледа кон ЕУ најмногу поради видот општество на кое земјата сака да припаѓа, и цел за подобрувањето на економијата.
Вчера и премиерката Ана Брнабиќ најави дека ќе пратат писмо до Брисел и ќе бараат одговори по ова прашање, но оттаму одговорија дека ситуацијата со Косово била специфична и дека Косово не е во ЕУ.