ВУЧИЌ ЌЕ ГО СТИМУЛИРА НАТАЛИТЕТОТ: Државата ќе дава по 18.000 евра за четврто дете
Објавено во: Балкан 17 Март, 2018
Српскиот претседател Александар Вучиќ презема мерки против демографската катастрофа која ја зафати Србија.
„Родителите во Србија ќе добијат еднократна помош од 100.000 динари за своето прво дете во иднина, за второто 10.000 динари месечно за две години, за трето дете 12.000 за десет години, а за четврто 18.000 евра за период од десет години“- изјави српскиот претседателот Вучиќ, цитиран од „Данас“.
Тој објаснува дека мајката, која ќе роди трето и четврто дете на српска територија, ќе зема 30.000 динари месечно. Вучиќ објасни дека Србија за последен пат имала помалку од седум милиони жители во 1966 година.
„Апелирам до Владата на Србија, на покраинската влада и сите локални власти да бидат целосно посветени на ова прашање. Планирањето на семејството и родителството е лична одлука на сите, а моја должност е да предупредам за катастрофалните последици кои доаѓаат“- рече Вучиќ
Тој деновиве изјави дека негови два најголеми проблеми се падот на наталитетот и прашањето со Косово.