Вучиќ тврди дека на Србија не и треба Охридска група
Објавено во: Балкан 29 Април, 2018
Српскиот претседател Александар Вучиќдаде свое мислење за неодамна формираната Охридска група за поддршка на Македонија на евроатланскиот пат, која ја сочинуваат поранешни високи функционери и дипломати во ЕУ и НАТО.
Тој изјави дека таква група не е потребна на неговата земја и дека е доволно само граѓаните да се изјаснат за таа опција.
„Србија нема никакви аспирации за влез во било какви воени сојузи, па ни во НАТО. Доколку некоја друга власт и некоја друга Влада сакаат тоа да го сторат, сосем сум сигурен дека никаква група нема да им биде потребна. А, што се однесува до мене, не мислам дека тоа е патот на Србија и дека тоа е најдобриот пат на Србија“- истакна Вучиќ.
Вучиќ порача дека Србија нема да ја менува политиката, дека ќе има пријателски односи со Русија, да нема да и воведува санкции, дека нема да се зачленува во воени сојузи као што е НАТО и дека ќе се „држи до своите постулати и политика со кои земјата ќе оди забрзано напред со зачуваување на мирот и стабилноста, што е од најголемо значење.
Според него, политиката која денес ја води е најдобра, најмудра и најсигурна за Србија.