Вучиќ вели Србија може да „заглави“ како Македонија?
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2018
Српскиот претседател, Александар Вучиќ по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел зборува за
компромис со Косово.
,,Нема да биде воопшто лесно, но ќе пробаме да најдеме компромис. А што е тоа што ќе го немаме ако не направиме некој вид компромис со Албанците, знае ли некој? Ќе бидеме „заглавени“ на европскиот пат како Турција, Македонија и некои други земји, кои се „заглавени“ поради политички спорови“ - вели тој.
Германија инсистира од 2008 година на правно обврзувачки договор, вели Вучиќ по средбата со Меркел.
Тој најави дека со самата најава за влез на Србија во ЕУ се зголемени директните странски
инвестиции, додека во спротивно ќе има големи проблеми како економски или правни.
Вучиќ рече дека Србија е подготвена за компромисни решенија, но дека за нив не е решение нивната земја да биде апсолутен губитник во спорот со Косово.
Од друга страна, Меркел истакна дека таа не пропишува што мора да се случи по прашањето за Приштина, како и дека не дели совети.