14 Мај, 2024
0.0238

„Windows 10“ -Инсталиран на 14 милиони уреди само за еден ден

Објавено во: Стил 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

„Мајкрософт“ го лансираше „Windows 10“ на 29 јули, а ден подоцна, компанијата најави дека новата верзија на оперативниот систем веќе е инсталирана на 14 милиони уреди.

Директорот на одделот за маркетинг напишал дека претстојат многу надградби, пред сите со резервација да добијат копија на „Windows 10“.

„Windows 10“ е првиот голем проект надополнет со голем број на долгоочекуваните подобрувања, кои ќе бидат бесплатни за повеќето корисници, па не е чудно што толку голем дел од нив веќе го имаат инсталирано софтверот.

Во април Тери Маиерсин изјавил дека „Мајкрософт“ сака да го види „Windows 10“ на 1 милијарда уреди во рамките на следните две или три години по нејзиното пуштање.

Компанијата верува дека ќе ја постигне оваа цел со бесплатни ажурирања, со продажба на нови машини и планови за бизнис корисниците.

За споредба, требаа скоро 15 месеци за продажба на 200 милиони лиценци за „Windows 8“, но очекувањата за „Windows 10“ се многу поголеми.