06 Мај, 2024
0.0250

YouTube влегува во битка со радиодифузерите

Објавено во: Стил 01 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Интернет гигантот YouTube влегува во битка со традиционалните оператори на кабелска и сателитска телевизија. Од компанијата соопштија дека почнуваат емитувањето на над 40 телевизиски канали во интернет платформата.

YouTube TV ќе има таргет кон помладите генерации, кои претпочитаат да гледаат вести, филмови и серии во интернет. За почеток услугата ќе биде достапна само во САД. Корисниците ќе можат да гледаат на таблетите и телефоните водечки американски телевизии, како CNN, FOX, BBC и други.

Цената на услугата ќе биде 35 долари месечно за една сметка, кој може да биде искористена од шестмина корисници.

Компанијата планира да објави и опција за снимање на емисии, кои ќе можат да бидат гледани во време кога си сакаат корисниците.