04 Мај, 2024
0.2657

За 101-от роденден добил 101% попуст

Објавено во: Стил 08 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Многу убавини доаѓаат со текот на годините, на пример, гледате како вашите внуци носат маички на кои пишува „најдобрата баба на светот“, плус тука се уште некои привилегии.

Еден стогодишник сфатил дека дошол до точка кога всушност може да добие бесплатен ручек дури и кога му доплатат за него, само заради тоа што е стар.

Џозеф Нелсон (101) доручкувал во еден ресторан во Манчестер кој своите купувачи ги почастува за роденденот така што им дава попуст врз основа на неговите години.

На пример, ако полните пет години, ресторанот покрива пет одсто од вашата сметка. Ако имате 85, добивате 85 одсто попуст на својата сметка. Тоа значи дека на својот стоти роденден добивате бесплатен оброк, а за сто и првиот роденден би требало да добиете попуст од 101% така што тој еден посто ресторанот ви го рефундира.

Така после бесплатната кајгана со шунка и парче чоколадна торта, воениот ветеран добил уште 7 центи од ресторанот. Не е лоша роденденска идеја , би рекле.