За 20.000 долари купувале американски пасош
Објавено во: Балкан 18 Март, 2018
Албанската полиција вчера разби криминална банда која се занимавала со трговија со луѓе од Албанија кон САД и Канада.
Акцијата, која следува по подолга истрага, е спроведена во шест градови: Кукс, Скадар, Тирана, Пешкопеја, Корча и Лежа. Уапсени се четириесетина лица, меѓу нив и полициски службенци и нивни претпоставени.
„Откако ќе направеле копија на пасошите, тие го краделе идентитетот, а потоа ставале фотографија на луѓе заинтересирани да заминат во САД или Канада. Тоа го правеле и за патување во некоја од западно европските земји, но поисплатлив им бил бизнисот за патување преку океанот“ - наведуваат албанските медиуми.
Организираната кримнална група, чие седиште било во градот Лежа, наплатувала од 15.000 до 20.000 долари во замена за „гарантирана патна исправа“ со која, главно млади лица заминувале во САД или Канада.