12 Мај, 2024
0.0237

За Бушати не постои Тиранска платформа, а Груевски со потценување гледал на Албанците

Објавено во: Балкан 03 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Не постои Тиранска платформа, постои документ напишан од страна на три од четирите албански политички партии кои се присутни во актуелниот Парламент во Македонија што го поддржавме, изјави шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати во интервју за порталот Јурактив.

Според него тие го поддржале документот затоа што во него виделе јасни напори од страна на Албанците прво да се задржи Македонија обединета, второ да бараат подобра меѓуетничка хармонија во духот на Охридскиот договор, трето да се спроведе Договорот Пржино, четврто да се деблокира патот на Македонија кон НАТО и кон ЕУ со нормализирање на односите со Грција и со Бугарија и се разбира со Албанија и со Косово како соседи на Македонија“.

„Една третина од населението што живее во Македонија, се Албанци кои секогаш се про-европски и про-НАТО. Веројатно ќе биде многу тешко да се најде поповолен сосед од Албанија во Македонија“- вели Бушати.

Во врска со забелешките дека воведувањето на албанскиот како втор официјален јазик во земјата води кон фередализација, Бушати посочува на Охридскиот рамковен договор од пред 16 години.

Не знам како овој аргумент, со албанскиот јазик како официјален јазик, е еднакво на федерализација на земјата. Но, ако говориме за Охридскиот договор и за изворот на конфликт меѓу Македонците и Албанците во Македонија, јасно е дека спроведувањето на обврските од овој договор е на ниско ниво“ - рече тој. 

Тој укажува и на тоа дека во земјата постои потценувачки однос кон Албанците, од страна на лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Никола Груевски и на други политичари.

Можеби ќе ве интересира

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји