28 Април, 2024
0.0279

За едни говорот на Пендаровски е натпартиски, за други тој само дал дијагнози

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

По говорот на шефот на државата Стево Пендаровски денеска во Собранието, дел од пратениците се задоволни и велат дека слушнале натпартиски претседател, а oд опозицијата  велат дека Пендаровски давал дијагнози. 

Од СДСМ велат дека во Пендаровски гледаат сојузник за добрите политики. 

„По десет години обраќања на еден партиски послушник како Ѓорге Иванов кој ги промовираше политиките на режимот и изолацијата, денеска бевме сведоци на обраќање на натпартискиот претседател Стево Пендаровски“, изјави пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец. 

Неговиот колега од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека од Пендаровски очекувал да гради мостови во своето прво обраќање во Собранието. Според него, слушнале празни зборови, беа нешто конкретно за тоа што е направено за 7 месеци. Вели дека Пендаровски давал дијагнози. 

„Очигледно Пендаровски не е излезен од чевлите на СДСМ и денес со својот говор наместо да понуди градба на мостови и она што самиот го зборуваше, помирување, тој само успеа да ги продлабочи поделбите во општеството“, рече Димовски.

Додаде дека од партијата се разочарани од Пендаровски, а со нивното присуство на седницата  покажале позитивен пример.

За ДУИ обраќањето било  коректно. 

Пендаровски, во своето прво обраќање пред пратениците во Собранието порача дека врв на лошите состојби во правосудниот систем е аферата „Рекет“. Вели дека следната власт покрај во правосудниот, треба да направи и прочистување кај политичарите. Пендаровски ја пофали власта затоа што ги затворила политичките спорови со Бугарија и Грција. Но, тој забележа дека и по 3 децении државата не успеа да покаже сериозни резултати во борба против криминалот. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека не бил поканет во Собранието да присуствува на обраќањето на претседателот Пендаровски.

Поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов не присуствуваа на првото обраќање на актуелниот претседател. 

Можеби ќе ве интересира

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно