02 Мај, 2024
0.0251

ЗА НЕГО САД СЕ „ДИВИ ВОЛЦИ“: Kaко Ердоган планира да го уништи доларот?

Објавено во: Економија 03 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган ги повика глобалните трговски партнери да го уништат монополот на американскиот долар. 

Ова е одговор на санкциите во САД, а турскиот претседател го спореди однесувањето на САД кон неговата држава со „диви волци”. Тој вели дека на САД не треба да им се верува. 

Земјата ќе продолжи со трансакциите за кои не користи американски долари во трговијата и во инвестициите со други земји. 

„Ние треба постепено еднаш засекогаш да го уништиме монополот на доларот користејќи ги локалните и националните валути меѓу нас”- вели Ердоган. 

Целта на манипулирањето со девизните курсеви е другите да се посомневаат во силната и здрава турска економија.

„Користењето на доларот само ни штети. Ние нема да се откажеме. Ќе победиме“- рече Ердоган. 

Турција се соочува со тешка валутна криза предизвикана од ескалирачките санкции на САД. Лирата годинава загуби околу 42 отсто од својата вредност во однос на американскиот долар поради дипломатскиот спор меѓу Анкара и Вашингтон. Турскиот Институт за статистика покажаа дека стапката на инфлација минатиот месец се искачи на речиси 18 отсто. 

Вашингтон примени економски притисок врз Анкара поради притворањето на американскиот пастор Ендрју Брунсон, кој пред две години е обвинет дека помагал во неуспешниот воен удар врз претседателот Ердоган. Тој се соочува со затворска казна до 35 години.

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?