15 Јули, 2020
0.0207

За шопингот, виртуелниот живот, природата: Поларис истражување за однесувањето по Ковид-19

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2020

Под влијание на пандемијата, потрошувачите се прилагодија на новото опкружување и создадоа нови навики во медиумската конзумација, шопингот и потрошувачката. По пандемија, некои од овие навики ќе исчезнат, но некои ќе продолжат да се практикуваат дури и со засилен интензитет како би им помогнале на луѓето да се справат со новата реалност. Новата студија на истражувачката агенција Поларис, дел од I&F Групацијата, која е специјализирана за дата анализа, бизнис консултации и предвидување на пазарните трендови, открива кои однесувања ќе продолжат да живеат по COVID-19,но и на кој начин брендовите можат да се приближат на потрошувачите имајќи ги во вид настанатите промени. Еве само неколку од нив:

E-GAMING

Бројот на луѓе кои играат онлајн игри продолжи да расте за време на карантинот, особено во категоријата е-спорт. По вонредната состојба, времето поминато со игри ќе се намали затоа што луѓето се враќаат на своите редовни обврски, но бројот на корисници ќе расте, што е одлична можност за брендовите. Клучно е да се разберат мотивите и што е тоа што учесниците особено го уживаат во играта, со цел брендот да го направи целото искуство подобро и поквалитетно. 


ВИРТУЕЛЕН ЖИВОТ

За време на карантинот, многумина забавата ја пронајдоа во онлајн светот. Виртуелните тури и livestreams станаа особено популарни, а по изолацијата, дигиталните видео искуства ќе бидат решението да се избегнат големи собири. Брендовите можат да ги искористат моментите на релаксација дома нудејќи нова онлајн содржина во партнерство со институции од областа на уметноста, филмот, музиката ... Со помош на технологијата, можно е да им се даде на потрошувачите чувство дека брендовите што ги сакаат, прават многу работи достапни за нив.

DIY

Многу мали бизниси не беа достапни за време на вонредната состојба. Луѓето се потпираа на алтернативни решенија, многу често ослободувајќи ја нивната креативност,а карантинот ни покажа колку снаодливи можеме да бидеме. Иако во голем дел ќе се вратиме на старите рутини, новите вештини кои ги стекнавме за време на карантинот ќе останат со нас и во иднината. Со своите активности, брендовите дополнително можат да ја поттикнат креативноста на потрошувачите и да ја подигнат на повисоко ниво. Нудењето пакувања и подароци што ќе го олеснат и зајакнат новото хоби, како и корисни содржини преку упатства, се некои од добрите правци за брендовите.

ОНЛАЈН ШОПИНГ (Е-ТРГОВИЈА)

Интернет трансакциите значајно пораснаа во текот на март, а во развиените европски земји забележано е трикратно зголемување во споредба со периодот пред кризата. Скоро 40% од  испитаниците купиле секојдневни куќни намирници во својата прва онлајн нарачка. По кризата, онлајн трансакциите ќе продолжат да растат, особено во категориите козметика, шминка и производи за хигиена, но традиционалното купување сепак ќе има предност во набавката на храна и пијалоци.

Категориите во кои расте е-трговијата не треба да ја пропуштаат оваа можност, сега е вистинското време за иновации, брендовите мораат да бидат пред трендот и да им понудат ново, подобро искуство на своите потрошувачи.


Враќање кон природата и одржливиот развој

За време на кризата, многумина започнаа да ја доведуваат во прашање нивната врска со животната средина и природата. Овој аспект се очекува да биде уште поважен за потрошувачите, како и истите да гравитираат повеќе кон локалното производство со цел да се минимизира потенцијалната изложеност на СОВИД-19. Примената на практиките за поттикнување на одржливост ќе биде уште поценета од потрошувачите, а на брендовите им останува автентично да ги поддржуваат иницијативите поврзани со одржливоста, здравите одлуки и враќањето на старите, основни вредности, со цел понатамошно поврзување со нив.

ОНЛАЈН ПРЕС (ИНТЕРНЕТ ПЕЧАТ)

Интернет-печатот беше еден од водечките медиуми за време на карантинот. Глобалната здравствена криза ја стимулира потребата за информации и увид во постојаните промени и случувања. Употребата на овие дигитални платформи ќе продолжи и по пандемијата, а брендовите треба да бидат присутни во овој медиум со обезбедување на релевантни содржини, незаобиколувајќи ги темите кои сега се важни за потрошувачите.

Целосниот извештај“Recovery Plan“ на Поларис е достапен на: http://polaris-see.com/polaris-covid-19-recovery-plan/


Можеби ќе ве интересира

Романот „Изброј ги ѕвездите“ е вистинска приказна за хероизмот на 10-годишната Анемари за времето на холокаустот во Данска

Романот „Изброј ги ѕвездите“ е вистинска приказна за хероизмот на 10-годишната Анемари за времето на холокаустот во Данска

Запознајте го el-Born: Првото, целосно електрично возило на CUPRA

Запознајте го el-Born: Првото, целосно електрично возило на CUPRA

Huawei ги објави бизнис резултатите за првата половина на 2020 година

Huawei ги објави бизнис резултатите за првата половина на 2020 година

Искористи ги летните викенди за брза и интересна преобразба на домот

Искористи ги летните викенди за брза и интересна преобразба на домот

Клучен момент во патувањето кон иднина без чад

Клучен момент во патувањето кон иднина без чад

Како да тргувате со цената на акциите: Бесплатен водич чекор по чекор

Како да тргувате со цената на акциите: Бесплатен водич чекор по чекор

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

А1 Македонија подарува: Со нова активација на Е-сметка до електричен велосипед

А1 Македонија подарува: Со нова активација на Е-сметка до електричен велосипед

Ладење и греење со инвертер клими: Заштедете пари и електрична енергија

Ладење и греење со инвертер клими: Заштедете пари и електрична енергија