08 Мај, 2024
0.0234

За што плати Шилегов 1,7 милиони евра?

Објавено во: Економија 04 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Град Скопје ќе набави противпожарна автомеханичка скала вредна над 1,7 милиони евра. Скалата ќе ја достави фирмата Horoszcoop KFT од Будимпешта која победи на тендерот. Според договорот, за тие пари оваа компанија треба да ја достави ПП автомеханичката скала, да ја донесе во Скопје и да ја монтира, но и да обезбеди техничка помош и да обучи стручни лица да ја користат.

Анализа која ја направивме покажува дека оваа е една од највредните јавни набавки на град Скопје вопоследните години, ако се изземат договорите кои се однесуваа на изградба на капитални објекти како катните гаражи и други градежни објекти кои ги градеше претходната власт, а кои чинеа и повеќе па и над десет милиони евра.  

Сепак набавката на ПП автомеханичка скала е во топ 20 по вредност во целата ова деценија. Договорот го потпиша актуелниот градоначалник Петре Шилегов кој па самиот во повеќе наврати зборуваше за оваа набавка. Имено дека ќе се купува противпожарна автомеханичка скала беше најавувано уште во 2018 година, кога градоначалникот изјави дека во буџетот одвоил пари за нова пп автомеханичка скала минимум 75 метри и за  набавка на две возила автоцистерни. Во одлуката за набавката од седницата на Советот на град Скопје стоеше дека се одвоени средства за набавка на противпожарната автомеханичка скала од 28 милиони денари. 

Сега во договорот со фирмата од Будимпешта стои дека набавката е вредна над 168 милиони денари и не е прецизирано дали за тие пари освен скалата фирмата ќе треба да испорача и возила.

А.Т.  

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување