04 Мај, 2024
0.0247

За сите љубители на германската култура и јазик – Ден на отворени врати во Гете - институт Скопје

Објавено во: Мои пари 27 Август, 2018

Добивај вести на Viber

На први септември годинава, во просториите на Гете-институтот во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Ден на отворени врати“.  Во рамките на „Денот на отврени врати“, кој ќе започне од 10 часот наутро и ќе трае се до 18 часот поладне, сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со работењето на Гете-институтот Скопје и активностите што ги реализира во текот на годината.

Освен тоа, на „Денот на отврените врати“  присутните ќе имаат можност лично да ги запознаат сите професори во Гете-институтот и да поразговараат за теми од нивен интерес. Дополнително на тоа, ќе се одржи промотивен час во модерно опремена училница, а учесниците ќе можат да ги научат првите зборови на германски јазик.

Заинтересираните за актуелни настани и проекти, стипендии и јазична соработка и соработка на ниво на културни друштва ќе имаат можност да се информираат за сите можности што ги нуди Гете-институто Скопје во рамките на овие области.

Покрај тоа, Гете-институт Скопје има можност за дигитални понуди за изучување на германскиот јазик, а сите заинтересирани ќе добијат детална информација и за оваа програма.

Најсреќниот посетител на „Денот на отворени врати“ во Гете-институтот ќе добие еден бесплатен курс по германски јазик.

Гете-институт Скопје е културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет. Преку своите активности го афирмира учењето на германскиот јазик и германската култура. Покрај изучувањето на германскиот јазик, Гете Институтот во Скопје креира и поддржува проекти од областа на културата, образованието, иновативни процеси и нивна презентација во уметноста, науката и медиумите, поддршка на внатрешно – европскиот дијалог, проекти од мултикултурализмот.  Покрај промоција на Германија и германската култура и јазик, Гете Институтот во Скопје преку своите активности создава можност за поврзување на проекти и идеи од двете земји и идна соработка.

Во рамките на своите активности, Гете-институт Скопје работи и на унапредување на наставата по германски јазик во основното, средното и високото образование. 

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото