01 Мај, 2024
0.0256

За субвенционирање на придонеси дефинирано колку работници може да се отпуштат

Објавено во: Економија 06 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Работодавачите од погодените дејности од корона кризата ќе може да ги добијат субвенциите за исплата на социјални придонеси за април, мај и јуни за своите вработени дури и ако претходно бил откажан договорот за вработување без отказен рок, гласи во измената на уредбата која беше донесена на вчерашната владина седница, а денеска е објавена во Службен весник.

До август бројот на вработени во однос на месец април може да биде намален доколку станува збор за пензионирање и смрт на работник; откажување на договорот за вработување од страна на работникот; откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот, спогодбено преземање на работник,  престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда или утврдена трајна неспособност за работа.

Бројот на вработени од овие причини може да се намали до 15 отсто во претпријатие до 50 вработени, 10 отсто кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени во месецот за кој користел субвенција и 5 проценти кај големите компании со над 250 вработени.

„Бројот на вработени кај работодавачот кој побарува финансиска поддршка, земајќи ги во предвид и вработените преку приватна агенција за вработување, да не е намален за месец април, мај и јуни 2020 година во однос на бројот на вработени со состојба на 31 март 2020 година, освен во случај на пензионирање или смрт“, гласеше условот во првичната Уредба која беше донесена пред еден месец.

Измените се речиси исти со дополнувањето на Уредбата објавено минатата недела за поддршка на платите за април и мај, усогласени со синдикатите и граѓанските здруженија за заштита на работничките права.

Со новата уредба за придонеси се предвидува можноста најпогодените сектори (угостителството, туризмот, транспортот) да користат и друг вид на поддршка, односно субвенции.





Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција