За вакцините со погрешни декларации ќе има парична казна
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2019
За фирмата „Македонија лек“, која дистрибуираше 650 МРП вакцини со погрешни декларации ќе следи парична казна.
Министерството за здравство нема да го раскине договорот со фирмата, затоа што овие биле последни количини на вакцини.
Министерот за здравство, Венко Филипче одговорност ќе побара и од сите директори на здравствените домови и вработените во вакциналните пунктови, кои без да забележат ги примиле вакцините и не реагирале за погрешните декларации на пакувањата. Здравствените власти не можат да одговорат кај колку деца биле аплицирани овие вакцини, но тврдат дека никој не примил вакцина со поминат рок, бидејќи вакцините имале само погрешна декларација.
За тоа дали пропустот е направен намерно или случајно истражува фирмата од Белгија која ги произведува вакцините.