30 Април, 2024
0.0287

Заборавете ја фината кошула – Кога одите на интервју за работа ставете очила

Објавено во: Стил 07 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Заборавете ја фината кошула и цврстото ракување. Ако сакате да оставите добар впечаток, ставете очила. Истражувањето покажло дека поголeми се шансите да ја добиете  работата  ако имате очила. Една третина од возрасните лица со очила се доживуваат како професионални, а додека 43% како интелегентни, пишува британскиот Daliy Mail. Околу 40% од испитаниците во студијата на британскиот College of Optometrists мислат дека очилата ќе ја зголемат шансата да ја добиете работата, 6% мислат дека очилата ја прават личноста помодерна, а 9% мислат дека очилта ја прават личноста попривлечна. Професорот по психологија Кери Купер од Универзитетот Lancaster вели дека не е изненадувачки работодавците да сакаат да вработат интелегентни лица и дека идејата според која интелегентните луѓе носат очила е само еден стар стереотип. -Во реалноста , очилата се слаб индикатор на нечија интелегенција затоа што лошиот вид настанува од различни причини. Освен тоа многумина  носат  леки -вели Кери Купер Можно е  носењето на очила на некои лица да им даде поголема самодоверба , па затоа и оставаат  добар впечаток во интервјуто за работа.