02 Мај, 2024
0.0256

Задолжени сме до гуша, но во кои земји граѓаните имаат повеќе долгови

Објавено во: Економија 31 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Граѓаните и фирмите во земјава се задолжени и речиси и да нема семејство кое нема некаков кредит, но дали сме заглавени до гуша? Податоците за издадените кредити кон домаќинствата и кон приватните фирми како процент од Бруто домашниот производ (БДП) покажуваат дека Македонија е некаде на ниво со земјите од регионот, но толкава е задолженоста и во поразвиените земји. 

Според податоци од Светската банка, во Македонија, лани кредитите кои приватниот сектор изнесуваат 49,4 отсто од нашиот БДП. Во државите кои се покажаа како најпроблематични во кризниот период, кредитирањето ја надминува сумата на вкупниот национален производ. Сепак има и такви кои немале проблеми но имаат висок процент на издадени банкарски кредити. Во Европа Кипар е државата каде кредитите кон домаќинствата и фирмите се убедливо највисоки во однос на националниот БДП или лани биле 202 проценти, додека во Грција се 100 отсто, а во Холандија се 111 проценти. Во балканските земји пак, кредитирањето кон приватниот сектор се движи околу 50 проценти од националниот БДП.

ПОСТОЈАН РАСТ

Податоците на Светска банка покажуваат значаен раст на кредитирањето на приватниот сектор од 1960 година наваму. Според бројките лани во Македонија банкарските заеми кон граѓаните и фирмите изнесуваат 49,4 проценти.

Ако се анализира по години, од 1993 година наваму, голем пад е забележан во 1995 година или за тие две години кредитирањето се намалило од безмалку 60 отсто од БДП во 1993 на само 23 отсто по две години. Подоцна до 2003 година има мали осцилации, но вкупниот обем на кредитирање не се зголемува многу. Според податоци од Светската банка, во 2003 година кредитите од банките кон приватниот сектор изнесуваат само 17,5 проценти од националниот БДП. По оваа година има брз раст до 2012 година, кога како кредити од банките кон приватниот сектор издадени се пари кои се 47 отсто од БДП. До 2015 година вкупната сума достасала до 50,9 отсто од БДП.

КОЛКУ ПОРАЗВИЕНИ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ

Банкарите велат дека трендот на раст на одобрените кредити нема да забавува ако се задржи стабилноста во домашната економија. Тврдат дека ликвидноста во банкарскиот сектор е висока и тоа значи дека кредитирањето ќе расте.

Според податоците од Светска банка инаку, од земјите во регионот во 2017 година во Србија кредитите се 43  проценти, а во Албанија 35 отсто од БДП. Во Босна и Херцеговина кредитирањето лани изнесува 54 отсто од нивниот БДП, а во Бугарија е безмалку 52 проценти. Од земјите кои се во овој регион, а се членки на Европската Унија, во Хрватска лани кредитите од финансискиот сектор кон приватниот изнесувале 57,7 проценти од хрватскиот БДП, а во Словенија 44,8 отсто.

Во најразвиените европски економии сепак кредитирањето кон приватниот сектор е повисоко. Во 2017 година во Австрија заемите на финансиските институции биле 84 проценти, а во Франција 101,6 отсто од БДП. Во Германија кредитите се 77 отсто од германскиот БДП.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај