ЗАЕВ ЧЕСТИТАШЕ: Курбан Бајрам е празникот на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите
Објавено во: Македонија 11 Август, 2019
Курбан Бајрам е празникот на солидарноста, хуманоста, грижата кон другите, единството и еднаквоста. Со овие зборови, премиерот Зоран Заев упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам до сите македонски граѓани од исламска вероисповед.
„Ова се вредностите кои треба да бидат наша заедничка водилка во градењето едно општество за сите. Да ги негуваме овие вредности како наш заеднички влог во просперитетна иднина. Возвишениот, благороден сјај на овој празник нека зрачи во домовите на сите верници. Честит празник“, наведува во честитката премиерот Заев.
На Исламската верска заедница, поглаварот Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и членовите на Ријасетот со која им посакува среќни и спокојни празнични денови, со срдечни желби празникот да го прослават во добро расположение и добро здравје.