02 Мај, 2024
0.0261

Заев: ЕУ има предпристапни 1,28 милијарди долари за Македонија

Објавено во: Економија 28 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заевприсуствуваше на пуштање на современа повеќенаменска сала во општинската зграда на Општина Крива Паланка.

Премиерот Заев, во своето обраќање пред присутните рече дека пуштањето на овие две сали, опремени со модерна 3D технологија, првенствено имаат за цел промоција на туризмот на општината и регионот.

Прекуграничната соработка, рече премиерот, е еден од столбовите на поддршката во соседските политики на Европската Унија и како стратешки пристап на Европската Комисија во Брисел, и, како што рече тој,  со овој проект се потврдува посветеноста кон регионот Западен Балкан.

„Ако се земе тоталниот буџет од 1,28 милијарди долари само за Република Македонија, како фонд за предпристапниот период 2007-2020 година, доволно зборува за можностите што се отвораат пред граѓаните на нашата земја и во вакви проекти кои ја афирмираат прекуграничната соработка“, потенцираше тој.

Тој, во оваа прилика апелираше и понатаму да се негуваат најдобрите практики од добрососедските односи и секогаш предвид да се има европската перспектива, и додаде дека секоја позитивна приказна и промена на локално ниво е значајна, зашто е уште еден значаен придонес за изградба на европско општество и држава по европски правила.

„Со отворањето на преговорите со ЕУ и со исполнувањето на домашните обврски и реформи, создаваме функционална држава во која институциите се сервис на граѓаните, отворени и отчетни“, рече премиерот Заев на денешната посета на Општина Крива Паланка.



Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?