Заев ги соопшти кадрите, фокусот ќе биде ставен на економијата
Објавено во: Македонија 19 Август, 2020
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на прес - конференција изјави дека ќе се фокусираат на економијата, капитални инфраструктурни проекти, судски реформи.
Во надворешната политика продолжува спроведувањето на Договорите со Бугарија и Грција.
За борба против корупција и криминал, предложен е Љупчо Николовски, потретседател за европски политики, Никола Димитров, за економски прашања, Фатмир Битиќи, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за одбрана Радмила Шекеринска, за здравство, Венко Филипче, за образование Мила Царовска, за транспорт и врски, Благој Бочварски, за култура Ирена Стефоска, за правда Бојан Маричиќ и за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
За оние кадри кои повеќе нема да бидат министри, рече дека можат да го дадат својот придонес во други сектори.
Земјоделство ќе го управува БЕСА, а Министерството за локална самоуправа останува за кадар на ЛДП.
Бројот на членови во Владата ќе се намали.