Заев и Ципрас разговарале денеска, заокружен ли е договорот?
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2018
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас го оствариле долгоочекуваниот телефонски разговор.
Разговорот бил помеѓу 14 и 15 часот по македонско време. Разговарале за детали и формулации, двајцата премиери се договориле дека утре изутрина ќе се слушнат повторно, во обид за финализирање на сите детали за решавање на деценискиот спор за името.
Прес конференција за новинарите за утре најави и лидерот на партијата Независни грци, Панос Каменос, кој се противи на решение коешто во себе ќе го содржи името – Македонија.