04 Мај, 2024
0.0286

Заев и Мицкоски во самоизолација до вторник

Објавено во: Македонија 16 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателите на СДСМ и ВМРО-ДпМНЕ - Зоран Заев и Христијан Мицкоски во самоизолација ќе бидат до вторник изутрина, до кога ќе трае и тродневниот карантин за време на празничниот викенд во Македонија.

Интервјуата со заразениот новинар на Канал 5 на двајцата партиски лидери се случија пред две недели, од кои тоа со Заев на 2 април, а ден потоа, на 3 април, се емитуваше и она со Мицкоски. Во меѓувреме и двајцата беа тестирани како негативни на вирусот Ковид-19, но превентивно според протоколот, мораше да останат дома во самоизолација до навршување на 14 дена од контактот.

До крајот на оваа недела им истекува периодот на самоизолација на Заев и Мицкоски, но во меѓувреме од утре во 16 часот стапува во сила тридневниот карантин кој ќе трае до вторник во 05.00 часот.

– Согласно решението на Државниот санитарен и здравствен инспекторат јас и моето семејство сме дома во изолација. Ке бидеме дома заклучно со завршување на Велигденските празници. Работам од дома колку е тоа можно. Но среќен сум што сум со семејството заедно во изолација по цели денови- вели Заев во денешната изјава за 24 Инфо, каде што најавува дека на секојдневните обврски ќе им се врати по велигденските празници.

Мицкоски од својот дом речиси секој ден испраѓа видео-обраќања, а во последното ја критикуваше власта дека не сака да прогласи кризна состојба во Куманово и за одбивањето на иницијативата на најголемата опозициска партија за времена пренамена на уплатите од вториот во првиот пензиски столб.


Можеби ќе ве интересира

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината