02 Мај, 2024
0.0262

Заев на гости кај првото домаќинство што создава струја

Објавено во: Економија 05 Јули, 2018

Добивај вести на Viber


Во приватна куќа во скопската населба Тафталиџе денеска беше пуштена во употреба првата мала фотоволтаична централа со што беше промовиран системот наменет за домаќинствата и компаниите.

Фотоволтаичната централа е монтирана на покривот, а сопственикот се надева сопственото производство на стрија преку соларна енергија ќе му овозможи заштеда во домашниот буџет.

Како што рече премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на промоцијата, ова е доказ дека новиот Закон за енергетика веќе ги дава првите резултати.

- Целта е домаќинствата и фирмите сами да произведуваат електрична енергија, а вишоците струја да ги продаваат на слободниот пазар, да го намалиме увозот и да го зголемиме производството, да се намалат трошоците на граѓаните и компаниите, а стопанството да стане поконкурентно, истакна Заев.

Тој порача дека Македонија треба да го искористи потенцијалот -  огромниот број сончеви денови, особено зашто сончевата енергија е еколошки чиста, но и неисцрпна. - Тој огромен извор на енергија со заедничка работа и влог мора да направиме да биде еден од генераторите на економскиот раст, истакна Заев.

Сашо Стојковски од Управниот одбор на ЕВН ги поздрави напорите на Владата, за, како што рече, поголемо искористување на обновливите извори на енергија. - ЕВН има најмногу капацитет и знаење да ги импелемнтира сите трендови во енергетскиот сектор. Имаме врвни експерти кои може да понудат индивидуални решенија за сите заинтересирани физички и правни лица, истакна Стојковски.

Објасни дека инвестицијата во фотоволтаични централи зависи од карактеристиките на објектот, потрошувачката и бараната моќност. 

Се надоврза премиерот Заев со напомена дека државата ќе изнаоѓа начини како да ги поттикне, посебно домаќинствата, на инсталирање вакви системи.


Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?