15 Мај, 2024
0.0379

Заев: Никогаш не сум бил под дејство на алкохол

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, денеска од Куманово , одговарајќи на новинарско прашање, му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека никогаш не бил под дејство на алкохол.

„Ја погоди работата човекот, Ја промаши комплетно. Зоран Заев може да пие македонско вино или да наздрави со чашка ракија, но никогаш во животот не сум бил под дејство на алкохол. Секој пат можам да седам во ресторан, да се дружам со луѓе, но под дејство на алкохол не сум бил никогаш. и тоа го промашил мојот досегашен коалиционен партнер“, рече денеска Заев.

Ахмети на своето последно телевизиско интервју за Заев рече дека во последно време често ја критикува неговата партија затоа што „пие две-три чаши ракија пред митинг“.

“Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Друго зборува по митинзи, друго мене ми кажува на состанок”, рече Ахмети како гостин во албанската телевизија Сури ТВ, одговарајќи на прашањето на водителот зошто Интегративците во последно време се постојано на удар од страна на поранешниот премиер.

ДУИ пред кампањата за парламентарните избори на 15 јули ја лансираше идејата за прв Албанец премиер на Македонија, а Заев на тоа одговори дека за оваа партија подобро е одредено време да биде опозиција.

Заев минатата недела, за последната објавена „бомба“, одговарајќи на новинарско прашање рече дека тоа е последица на негово долго седење во кафеана во неврзан разговор.

- После два саати и 17 минути во кафана на слободен разговор, се слушуваат грешки. Времето покажа дека никогаш не сум имал непријатности, туку напротив имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја, рече тогаш Заев на конференцијата пред Собранието.

Можеби ќе ве интересира

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

ПРИБРАНИ СЕ ТРАГИ, ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СНИМКИ ОД ОКОЛНИТЕ КАМЕРИ - Обвинителството трага кој го запали автомобилот на директорот на Идризово

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

И оставил нож на Добрила Кацарска како закана во гаражното место

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ХИГИЕНАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ПОДОБРЕНА, НО ОДНОСОТ КОН ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИСТ: Поразувачки податоци за состојбата во казнено-поправните установи во земјава

ВО ОДБРАНА НА Д-Р НИКО РИПНАА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Поврзувањето на името на д-р Беќаровски со вакви невистини за остварување политички цели е скандалозно и некоректно! Еве што пишува во нивниот демант

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

ШТО САКА ДА ПОРАЧА БИТИЌИ? Еве што објави на социјалните мрежи

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„НЕ ЗНАМ ШТО МИ ТРЕБАШЕ АМА СЕГА СУМ ПОМУДРА ОД ПОРАНО“: Ванковска најави враќање во полна академска форма

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

„И НЕКОЈ ДИБЕК ЌЕ ТЕ ПРАША, БРАТ КАКО СЕ НОСИТЕ СО ПОРАЗОВ НА ПАРЛАМЕНТАРНИ“? Апасиев за изборниот резултат

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово

Тинејџер пронајден мртов во бања во Тетово