07 Мај, 2024
0.0262

Заев по состанокот на „Можеме“: Избори на 14 јуни

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по денешниот состанок со останатите лидери од политичките партии членки на коалицијата „Можеме“, вклучувајќи ја и БЕСА, рече дека бил постигнат консензус предвремените парламентарни избори да се одржат на средината на следниот месец, поточно на 14 јуни.

„Доколку продолжи да се намалува бројот на заразени, во ситуација кога пикот е поминат, кога интензитетот се намалува, нема причина да не се одржат. Наесен не очекува нов бран, не би било добро да се загрозува здравјето на граѓаните. Со избрана политичка Влада и со Собрание со полн легитимитет подобро ќе се справиме со здравствените и економски последици. Земјата веќе втор месец е во вонредна состојба, со техничка Влада и распуштено Собрание. Потребни се Собрание и Влада со целосен легитимитет“, порача денеска лидерот на владеачката партија од пред партиското седиште на „Бихаќка“.

Тој додаде дека организацијата на изборите треба да започне веднаш штом за тоа сигнал дадат надлежните здравствени власти и ја повика опозицијата да се согласи со тоа.

„Со тоа уште повеќе се наметнува потребата од одржување на парламентарни избори, штом дозвола дадат здравствените власти и да се оди на гласање на средината на месец јуни. ОДИХР може да се организира и да прати набљудувачи тогаш. Кога и да се случат сега е одговорно и државнички да се излезе и да се соопшти кога ќе се одржат. Ова ќе го предложиме на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски во вторник, на која очекувам да се дефинира датум. Ги повикувам и другите партии да се однесуваат државнички“, додаде Заев.

Додаде дека има повеќе од 30 дена за здравствените институции да изнесат препораки за чинот на гласањето.

„Не е добро да одиме на 40 степени кога улиците се празни, тоа е така секое лето. Она што е важно, народот психолошки ќе биде подготвен. Со маска на лицето и со дезинфициенти може тоа да се регулира.  Зборуваме за намалување на кризата, да ги прецизираме деталите“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик