29 Април, 2024
0.0278

Заев се обрати преку видео по Берлин: Сега е време и ЕУ да превземе одговорни чекори

Објавено во: Македонија 30 Април, 2019

Добивај вести на Viber

На самитот во Берлин порачавме дека стабилноста и реформите што ги испорачува земјава мора да бидат разбрани како сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија во текот на летото. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев во видео обраќањето по враќањето од Берлин, каде што се одржа самит за земјите од Западен Балкан.

Заев порача дека земјата презела одговорност за себе и за регионот и оти сега е време и Европската Унија да преземе одговорни чекори за Северна Македонија и за Западен Балкан, што впрочем ќе значи и одговорност кон сопствените европски народи.

Според него, најважен и најмногу нагласуван заклучок на самитот било дека успешниот договор со Грција е модел за решавање отворени прашања и конфликти.

„Иако проширувањето на Унијата не беше тема на Конференцијата, ги искористивме сите можности да ја испратиме нашата порака, а тоа е пораката на нашите граѓани до Европа, дека сме подготвени да придонесуваме уште повеќе и да бидеме јадрото на Балканот од кое извира европската идеја за заедништво, солидарност и соработка.

Порачавме дека стабилноста и реформите кои ги испорачуваме мора да бидат разбрани како сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија во текот на летото.Презедовме одговорност за себе и за регионот. Сега е време и Европската Унија да преземе одговорни чекори за Северна Македонија и за Западен Балкан, што впрочем ќе значи и одговорност кон сопствените европски народи.

Во духот на соработката и интеграцијата, сега е неопходно и Унијата да испорача бидејќи европската идеја за сојузништво на различностите бара постојана грижа за себе и за другиот.

Почитувани граѓани, бидете горди. Европа го слави успехот на нашата земја, а тоа е заеднички успех на сите вас. Да продолжиме на патот кон заедништвото со сите народи од Балканот и од Европа, до конечна реализација на европската идеја за обединување и до конечна реализација на нашата идеја за едно општество во кое секој граѓанин е важен и почитуван“, се вели во говорот на Заев.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред