Заев вети дека ќе има нови кадри во највисоките органи на партијата
Објавено во: Македонија 15 Мај, 2021
Партијата е отворена за нови луѓе, вели премиерот Зоран Заев.
Заев рече дека има најмалку 30 отсто обновени кадри во највисоките органи на партијата.„Партијата е отворена за нови луѓе, за нови шанси да напредуваат во своја кариера, но по пат на дискусија на Извршниот одбор и Централниот одбор, и на крајот во конгресот ќе се донесат сите одлуки“, додаде Заев.
СДСМ утре бира заменик претседател на партијата, членови на Централниот одбор на СДСМ, членови на Надзорниот одбор, а после тоа следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство.