05 Мај, 2024
0.0264

Заев за лидерската: Крајно време е Мицковски да сфати дека и како опозиција има одговорност

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, на која што ги објави имињата на разрешените носители на раководни функции, одговараше на низа новинарски прашања на различни теми.

Прашан за претстојната лидерска средба закажана за в петок, Заев истакна дека е подготвен да разговара за сите теми што ќе ги предложат лидерите на политичките партии.

Премиерот денеска уште еднаш искажа уверување дека покрај претседателите на ДУИ и на Алијанса за Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села, на средбата ќе присуствува и лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

„Јас нашите ставови јавно сум ги кажал. Немам намера да исполнувам желба за предвремени избори, иако знам дека ќе победам. Напоменувам, знам дека власта ќе победи и сум убеден во тоа, но немам намера само заради тоа да наштетам на економските перспективи на граѓаните. Која земја кога станувала членка на НАТО и почнувала преговори со Европската Унија го одложувале тоа и одела на избори? Кога? Зошто да се плашиме од предвремени избори или редовни избори во 2020 година кога со успешност ја внесовме земјата во НАТО, отвораме поглавја во ЕУ и економските параметри одат до небото, а граѓаните веќе ги чувствуваат економските придобивки? Мислам сите сме свесни и знаеме за што станува збор. Секој има право да прави секакви калкулации, но сепак сите имаме одговорност во државата и знаеме дека одлуките треба да ги носиме заедно“, рече Премиерот Заев.

Истакнувајќи дека дијалогот и меѓусебниот разговор е обврска на сите политички субјекти и носители на јавни функции во земјата, Премиерот Заев потенцираше дека неопходно е лидерите на најголемите политички партии да разговараат и за многу важна тема како што е пописот на населението.

„Не може да бараат да бидеме нормална земја, а да не седнеме да разговарате за пописот. Само Северна Македонија, Мали и не знам кои други две-три држави немаат попис направено во период додека беа тие на власт. Значи да одложиме уште десет години? Треба да седнеме и да ги заокружиме сите евентуални резерви што некои ги има, да го загарантираме успешниот процес на пописот“, рече Премиерот Заев

Одговарајќи на новинарско прашање, Премиерот Заев подвлече и дека за да се разговара за предвремени парламентарни избори, најпрво неопходно е политичките субјекти да постигнат договор за изборниот законик.

„Имаме препораки на ОДИХР, тие препораки на ОДИХР треба да ги вградиме. Едно време ние се молевме како опозиција да ги вградиме, сега власта моли да ги вгради, а опозицијата не сака на лидерска средба да дојде и да разговараме за тоа. Не сфаќам и не гледал причина. Ако се причина предвремени избори, ајде да разговараме за изборниот законик“, додаде Премиерот Заев.

На крајот, како што потенцираше премиерот Заев, ако и опозицијата се залага за правна држава, не може да не учествува во носењето на закон за Јавно Обвинителство и како последица на тоа, законот да не се донесе.

„Правосудството е два сегменти, судство и обвинителство, и сега немате закон за јавно обвинителство, и ќе го одложуваме. Зошто? За, како што вика, ќе го направам пепел Специјалното Јавно Обвинителство. Зошто да го направи пепел? Заради тоа што оди истрага за висока корупција на познати носители на функција во ВМРО-ДПМНЕ. Законот мора да важи еднакво за сите“, истакна Заев на денешната прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава