Загуба од 2,75 милијарди долари за „Кока-кола“
Објавено во: Економија 17 Февруари, 2018
Поради порастот на даночните обврски на 3,6 милијарди долари најпознатата американската компанија „Кока-кола“ забележа загуба во последниот квартал од минатата година. Оваа загуба е последица на неодамна усвоените измени на даночните закони во САД.
Компанијата пријавила загуба од 2,75 милијарди долари или 65 центи по акција. Приходите на компанијата, исто така, паднале, откако најголемиот производител на безалкохолни пијалоци во светот го продава бизнисот за флаширање. Приходите паднале за 20 отсто на 7,51 милијарди долари, но сепак ги надминале проекциите на „Вол стрит“ кои предвидувале износ од 7,36 милијарди долари.
Со самото спроведување на измените во законите, аналитичарите прогнозираа пад на двата показатели .