28 Април, 2024
0.0296

Захариева: Позицијата на Бугарија не може да се промени поради надворешен притисок

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во утринскиот блок на Бугарската национална телевизија рече дека бугарската допломатија не задоцнила во своите барања во Брисел за условите кои ги наметнуваат за Северна Македонија.

- Дури и за време на претседателството со ЕУ, ние многу јасно кажавме дека не постои начин да се каже„ да “ за Северна Македонија во Европската унија под овие услови. Не е точно дека ова е теза што сега ја истакнуваме. Кога тие ќе бидат подготвени, ние сме подготвени да ги поддржиме Македонците. Немаме нови услови. Имаме договор што сакаме да се почитува , рече Захариева.

Ова шефицата на бугарската дипломатија го истакна откако политички кругови во Софија ја наметнаа тезата дека ја губат дипломатската борба во Брисел бидејќи „притисоците започнале задоцнето“.

Таа е категорична дека позицијата на Бугарија не може да се промени поради надворешен притисок. Ова Захариева го рече од својот дом, вклучувајќи се онлајн во емисијата, откако се наоѓа во самоизолација по посетата на Берлин.

- Договорот за соседство беше потпишан во 2017 година и стапи на сила во 2018 година, а од минатата пролет набљудуваме дали се исполнува. Ние немаме никакви забелешки за тоа како тие се самоопределуваат македонските граѓани и како го дефинираат својот јазик, но не можат да тврдат како да се чувствуваат Бугарите што живеат таму. Тамошните Бугари не треба да се чувствуваат дискриминирано , рече таа.

Захариева рече дека не е само во прашање историјата, туку и, како што вели, говорот на омраза и аспирациите дека во Бугарија постои македонско малцинство.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце