Захариева: Странски фактори имаат силно влијание на Балканот, ние сме виновни за тоа!
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2018
Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева изјавила дека на Западен Балкан, постојат странски фактори кои имаат силно влијание на некои земји.
Таа вели дека одговорноста за тоа лежи на ЕУ бидејќи не била доволно ангажирана во регионот.
„Постои (странско) влијание. Тоа е наша вима. Ние не сме доволно присутни и доволно ангажирани во земјите на Западен Балкан. Доколку не нема нас тогаш е присутен и има силно влијание некој друг кој не е дел од нашето европско семејство, ниту е дел од НАТО“, рекла Захариева пред надворешно политичкиот одбор на Европскиот парламент.
Претставувајќи ги приоритетите на бугарското претседавање со ЕУ, Захариева потврдила дека Западен Балкан е најважен приоритет и регион многу важен за цел континент.