ЗАКОНОТ ЗА ЛИЧНАТА КАРТА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЕТНИЧКА ДИСКРИМИНАЦИЈА: Левица бара јавна расправа
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2021
Пратениците на
Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателката на Комисијата за
политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, како и до
претседателот на Собранието, Талат Џафери, поднесоа барање за одржување на
јавна расправа и јавна дискусија за Предлог-законот за изменување и дополнување
на Законот за личната карта.
Според Левица јавната расправа е од исклучително значење бидејќи, како што велат, овој Закон се заканува да предизвика етничка дискриминација.