fake panerai watches Заложуваат и венчални бурми и златни алки: Како „цвета“ заложниот бизнис во земјава?
02 Мај, 2024
0.0265

Заложуваат и венчални бурми и златни алки: Како „цвета“ заложниот бизнис во земјава?

Објавено во: Економија 29 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Венчални бурми, друго злато од дома, мобилни телефони, лаптопи, автомобили. Кога имаат потреба од пари граѓаните ги заложуваат и вредните и драги предмети од дома во заложни куќи. Оваа практика во земјава не е честа, но во последно време расте бројот на домаќинства кои се одлучуваат на ваков потег кога ќе се најдат во тесно, а нема од кого да позајмат.

Од заложните куќи велат дека имаат клиенти од сите возрасти, а работа има и во Скопје и во внатрешноста. За предметите кои ги дале, им се наплаќа надомест на чување, а по одредено време откако ќе ги вратат парите, клиентите си ги добиваат предметите назад. Од заложна куќа „МакКом“ од Скопје велат дека повеќето граѓани успеваат да ги вратат парите, а со тоа и предметите кои ги оставиле. Повеќето граѓани даваат предмети на купопродажба затоа што им требаат пари за до крајот на месецот, додека да ја земат следната плата.

„Луѓето кои земаат поголема сума за бизнис, може да понудат и автомобил. Работа има, но луѓето уште не се информирани како ова функционира, се плашат. Некогаш клиентите може да кажат и да ги почекаме, се е работа на договор, но ако клиентот го нема, не се јавува на телефон, тогаш по извесно време предметот се продава. Нас ни е во интерес луѓето да ги задржиме затоа што во иднина пак ќе дојдат“ - вели Маја Петров од МакКом.

Таа додава дека овој бизнис во светот и во соседството функционира доста добро, а и кај нас иако заложните куќи се појавија пред неколку години, сепак на пазарот има простор за ширење. Вели дека надоместот за чување не е многу висок и зависи од висината на сумата која клиентот ја бара.

Петров вели дека сега се 10 објекти од една компанија, целта им е да бидат 50 и се во процедура да станат финансово друштво при што ќе бидат нагледувани од Народна банка и ќе понудат поголема сигурност.

Заложуваат и фирмите, а според податоците од Заложниот регистар кој функционира во Централниот регистар, најмногу се заложуваат акции, удели во компании, но и стада крави, кокошки, лозови насади. Фактор веќе објави дека не се соопштува колкава е вкупната вредност на сите залози во моментов. Од Централниот регистар велат дека од 2015 година бројот на залози и нивната вредност расте, сепак и колку од залозите се активни во моментов не се соопштува. Во минатите години такви беа и по над 25 илјади. Сепак се знае дека вредноста на најголемиот залог е дури 480 милиони долари.

Ако се анализира вредноста на залозите може да се заклучи дека се заложуваат навистина вредни предмети. Највисоките се од стотици милиони евра, а речиси и да нема некој што е понизок од 5.000 евра. Од она што го добивме од Централен регистар, најголем залог моментно е удел во компанија која вреди 480 милиони долари. Највисокиот залог во евра, пак вреди 200 милиони евра, додека  третиот најголем залог е денарски односно изнесува 1,6 милијарди денари. Има залог и во јапонски јени кој е во вкупна вредност од шест милиони јени.

Иако не постојат и не се употребуваат веќе во Заложниот регистар има залог кој е изразен во германски марки. Не се соопштува што точно е заложено, но вреди 3,9 милиони марки.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?