08 Мај, 2024
0.0228

Западниот начин на живот доведува до рак кај сиромашните

Објавено во: Стил 19 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Западниот начин на живот доведува до ширење на рак кај сиромашните. Ова го соопшти британскиот весник „Индипендент“, повикувајќи се на американски истражувачи кои споредувале податоци за ширењето на предавничката болест до 2012 година.

Некогаш се сметаше за порок на богатите, но ракот сега влијае сериозно во секој регион. Се очекува најостро зголемување на заболените да настане во најсиромашните точки на светот.

Американската докторка Линдзи Торе од Американското друштво за борба против ракот утврдува дека ширењето на ракот се намалува во државите во кои граѓаните имаат високи примања, но се зголемува во земјите со низок животен стандард.

Разликата е особена видлива во случаите на рак на белите дробови, цревата и дојка кај жените.

Подобрување се индикаторите кај луѓето со повисок животен стандард кои се објаснуваат со пристапот до подобри истражувања, пристапот до третман, како и намалувањето на ризичните фактори како пушењето.

Зголемувањето на ракот кај посиромашните може да се објасни и со „воведувањето на западниот начин на живот“, објаснува Торе во своето интервју.

„Луѓето се помалку активни. Физичкиот труд се намалува, а транспортот се повеќе се користи. Има се поголем пристап до брза и штетна храна“, додава таа.

Земјите во развој се силно погодени од инфективните канцерогени форми предизвикани од стомачни бактерии, хепатитис и човечкиот папилома вирус.

Да се ​​обрне внимание на таа нееднаквост е од клучно значење, бидејќи голем дел од канцерогените заболувања можат да се запрат преку контролата врз пушењето, вакцинација, раното откривање, како и промовирање на здрав живот, пишуваат научниците во медицинскиот весник „ракот е епидемиологија“.

За да се постигнат овие цели, сепак, се бараат напори не само од поединечните земји, туку и од меѓународните институции, донатори и граѓанските општества, дополнуваат епидемиолозите.