05 Мај, 2024
0.0239

Започна медиумската кампања АКО ИМАШ МИСЛЕЊЕ, ГЛАСАЈ!

Објавено во: Мои пари 09 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) денес, 9 март 2020 г., започна медиумска кампања која има за цел да ги мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во април 2020 г. 

Гласањето е право кое граѓаните имаат шанса да го искористат на избори, но често тие не се сигурни дека тоа ќе направи разлика. Оваа медиумска кампања ќе се обиде да допре до граѓаните и да им посочи дека вклученоста и гласањето на избори се единствениот начин на кој граѓаните можат да направат разлика и да влијаат на одлуките кои подоцна пак имаат директно влијание врз нив. 

Кампањата ќе посочи дека и покрај тоа што можеби политиката некому лично не му е важна, сепак сите важни работи во животот зависат од политиката. Прашањата врзани со слобода на говор, социјални политики или пак со транспарентност и отчетност на властите, се прашања од кои зависи квалитетот на живот на граѓаните, и во суштина, се политика. 

Воедно, кампањата ќе се обиде да потенцира дека гласањето на избори е всушност гласање за политики кои имаат за цел создавање на отворено, демократско и функционално општество. Гласањето на избори значи изразување на мислење за тоа кои се оние кои ќе носат одлуки во име на граѓаните во наредните години имајќи ги предвид политиките кои тие ќе ги застапуваат. 

Во рамки на кампањата се изработени ТВ спотови, радио спотови, веб-банери како и комуникација за социјалните мрежи. Повеќе информации врзани со елементите на кампањата можете да најдете на веб страницата на ФООМ www.fosm.mk, како и на официјалните профили на Фондацијата на Facebook, Instagram и Twitter. 

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ